4 задолжителни сетови за патување од Carpisa и Yamamay

4 задолжителни сетови за патување од Carpisa и Yamamay

Сите сакаме нашето летно патување да помине без проблеми и да можеме навистина да се опуштиме. Вистинската формула за безгрижен одмор и среќни патувања почнува од правилниот начин на пакување и одличната огранизација. Carpisa дефинитивно ќе ве ослободи од главоболките на пакувањето и ќе ви помогне да се организирате на вистинскиот начин ова патување. Тоа значи дека еден од клучните фактори за да имате одличен летен одмор или продолжен викенд е да имате еден од куферите на Carpisa.

Куферите се во различни величини и во различни форми и дизајни. Бои и материјали има навистина секакви. Она од кое не можете да избегате е што Carpisa веќе има и бесплатна достава до сите градови во Македонија.

За да ја истестираме целата теорија се облековме и спакувавме во Yamamay и одбравме неколку различни видови на куфери и торби и си подготвивме одличен пикник.

Погледнете ги фотографиите и подгответе се за незаборавни патувања со Carpisa.

Професионален куфер + несесер

Овој куфер од професионалната линија на куфери е навистина практична и уникатен. Хоризантолно поставен сличен на патна торба со одлична организираност. Малото тврдо несерче во кое можете да ги чувате шминките или накитот без да се плашите дека ќе се истурат врз алиштата.

Куфер за во авион

Одличен куфер кој нема да ви дозволи да спакувате повеќе од потребното. Ако патувате со авион на некоја летна дестинација ова ќе биде одличен начин да спакувате се што ви треба. 

Практична мала чанта

Чантата која собира многу работи и е одлична и многу практична за на пат. 

Практична торба и универзален тип на куфер

Куферот и торбата кои сите мораме да ги имаме. Одлични за секаков тип на патување.

Фотографии: Елена Фиданска

Задолжителни парчиња на попуст од групација Max Mara што мора да ги имате

Задолжителни парчиња на попуст од групација Max Mara што мора да ги имате

Мексикански специјалитети кои морате да ги пробате во Амигос

Мексикански специјалитети кои морате да ги пробате во Амигос