Мексикански специјалитети кои морате да ги пробате во Амигос

Мексикански специјалитети кои морате да ги пробате во Амигос

Возбудени сме бидејќи, летото официјално ни пристигна.

Бескрајните топли вечери исполнети со многу храна, музика, пијачки и муабети. Сите сме исполнети со позитивна енергија, одморени и секогаш расположени и подготвени за добра дружба. Веќе сигурно ги пробавте сите морски специјалитети, салати и сите смутиња и цедени сокови па, затоа ние решиве да ви предложиме да пробате нешто поинакво, но превкусно.

Ако имате планови за вечер дефинитивно овие одлични специјалитети ќе ве натераат да ги смените. Ако немате планови за вечер тогаш летната тераса во Амигос е одлично место за дружење.

 Овој пат ви предлагаме што да пробате од превкусните мексикански специјалитети и пијалокот кој совршено одговара со нив.

 

Tacos + Sol

Дефинитивно ако не сте ги пробале Tacos во Амигос морате да ги пробате. Препознатлив мексикански специјалитет навистина мајсторски подготвен во Амигос. Две тортиљи полнети со кашкавал и месо. Месото можете сами да си го одберете дали да биде пилешко, свинско, телешко или можеби сакате микс од трите. Одлична комбинација е вегетаријанскиот такос. За овој мексикански специјалитет ви предлагаме нормално мексиканско пиво Sol. На здравје!

 

Nachos Enchiladas + Sol

Уште еден мексикански специјалитет кој одлично одговара со пиво. Две тортиљи полнети со начос, кашкавал и пилешко или мелено месо или соја. Лесни за јадење и уште повкусни кога се во комбо со мексиканско пиво.

 

Flautas + Strawberry Margarita

Еден од нашите омилени мексикански специјалитети. Топло го препорачуваме да го пробате. Панирани пржени тортиљи полнети по ваш избор. Секогаш добредојдена комбинација со нашиот омилен пијалок- маргарита од јагоди.

 

Tequila Lime Chicken + Mexican Aphrodisiac

Специјалитет со текила одлично се комбинира со коктел со текила. Пилешки стек мариниран во текила и лајм и сервиран со кесадиља, салса и чашка текила.

 

Choco Frita + Toasted Almond

Еден од нашите најбарани десерти. Пржена тортиља полнета со милка со лешници. Десерт кој заслужува коктел со вкус на бадем.

 Фотографии: Елена Фиданска

 

 

 

 

 

 

4 задолжителни сетови за патување од Carpisa и Yamamay

4 задолжителни сетови за патување од Carpisa и Yamamay

  Предлози на чанти за на плажа

Предлози на чанти за на плажа