Како си поминавме на вчерашниот настан во LiuJo?

Како си поминавме на вчерашниот настан во LiuJo?

Наша чест и вистинско задоволство беше да присуствуваме со вас на оваа посебна летна вечер.

Неколкуте студени денови не дозволивме да не обезхрабрат и да не спречат да уживаме вчера вечер во LiuJo на нашиот прекрасен настан.

Се надеваме дека барем за момент ви ги вративме спомените на ѕвездените летни вечери, кога уживате во топлото време во лелеави фустани и сандали, се опуштате со чаша убаво вино и слушате прекрасна музика.

Летото е навистина на прагот и сите со нетрпение го очекуваме па, затоа и решивме темата на нашиот настан да бидат токму летните вечери.

Освен летото што го чекаме сите, за една жена и млада дама е вистинско задоволство да се поднови со некое модно парче, а особено со квалитетна и модерна чанта. Па, така ги споивме сите елементи за да ја добиеме вистинска формула за да ви приредиме незаборавно дружење и шопинг.

На овој настан имавме можност да ви ја претставиме летната колекција која е богата со елегантни и модерни фустани и тренди летни парчиња.

Ви ги претставивме нашите модни додатоци кои на секого му се омилени, чантите и сандали на кои им одвоивме посебен дел во кој вие можете вистински да се опуштите и да си го одберете парот на обувки или чантата која ќе ви прилега токму на вас.

Прекрасен додаток беше нашата соработка со винаријата Езимит. Дванаесет елегантни и комплексни вкусови и ароми на линијата Stardust, која се уште не е достапна за македонскиот пазар, го збогатија севкупното доживување на секој посетител.

Шопинг со чаша вино, подароци од LiuJo, белгиско чоколадо со персонализирани пораки за вас, акустична филмска музика и секако убавото друштво од сите вас.

Ви благодариме на сите кои бевте дел од оваа летна приказна, навистина ни е чест и задоволство што сите заедно создадовме еден прекрасен спомен на заедничка летна вечер.

 Модни предлози од Fiorella Rubino

Модни предлози од Fiorella Rubino

Настан: Summer Nights во Liu Jo

Настан: Summer Nights во Liu Jo