TropicOOz- линија од Marella која мора да ја имате

TropicOOz- линија од Marella која мора да ја имате

Добродојдовте во нашите Tropicooz шик и шарени комбинации. Линија на Marella која е дизајнирана од Olimpia Zagnoli. Линија која е инспирирана од патувања и прекрасни туристички дестинации, спомени кои не носат на летен одмор и тропските предели.

Инспирирани од продожените викенди, празниците и одморите кои не расположуваат и очекуваат ние решивме да ви предложиме комбинации кои ќе ве исполнат со позитивна енергија и насмевки исто како мислите и спомените од патувањата.

Во оваа колекција е присутен заштитниот знак на Olimpia Zagnoli, кошули, миди здолништа и интересни дизајни. Геометриски патерни и многу различни нијанси. Шик комбинации составени од патерни кои вообичаено нема да се сетите да ги вклопите во иста комбинација. 

Погледнете ги прекрасните комбинации и доволете парчињата и дизајнот да ве одведат на некоја егзотична дестинација.

Неколку од нашите омилени тонови дизајнирани во принт. Розево, сино и камел боја. Нежни земјени тонови кои во комбинација навистина паѓаат во очи. Кошула и миди широко здолниште во риги во комбинација со камел сандали и бела чанта. Вистински летен погодок.

Втората комбинација е повторно со истиот принт. Здолништето е тесно и во истиот Tropicooz принт. Овој пат се решивме за комбинација со маичка која е во риги. Прекрасни принтови кои во комбинација изгледаат летно, шик и тренди.

Широко здолниште во геометриски принт и многу палми. Кој не сака романтично лелеаво здолниште кое ќе ве направи да се почувствувате како принцеза кога ќе задуваат летните ветрови покрај море. 

Другите нијанси од нашата Tropicooz линија. Зелено бело, црно, жолто, розево. Вистинска егзотика во геометриските принтови. Шареното здолниште во риги можете да го смирите со едноставна бела маичка во бретели, кожна камел чанта која може да ви одговара буквално со се и сандали во зелена нијанса.

Во нашата последна комбинација здолништето повторно е во риги но, хоризонтални во истите нијанси, а во комбинација со пораизграна блузичка. Посмела комбинација со блузичка со апликации во нијансите на здолништето. 

Купувавме во Carpisa и се релаксиравме во Амигос

Купувавме во Carpisa и се релаксиравме во Амигос

УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО МАРИНА СИВАКОВА ТАСКОВ КОСОПСТВЕНИЧКА НА ПИКОЛИНИ

УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО МАРИНА СИВАКОВА ТАСКОВ КОСОПСТВЕНИЧКА НА ПИКОЛИНИ