УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО МАРИНА СИВАКОВА ТАСКОВ КОСОПСТВЕНИЧКА НА ПИКОЛИНИ

УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО МАРИНА СИВАКОВА ТАСКОВ КОСОПСТВЕНИЧКА НА ПИКОЛИНИ

Секоја жена носи различна приказна во себе и во тие приказни сите имаат нешто заедничко. Тие се искрени, јасни, силни и истрајни. Стожер врз кој почива се и околу кој се се врти. Вечна инспирација и емоција.

Токму зошто жените се движечка сила во општеството ние решивме да одвоиме простор за да ви претставиме само еден дел од  #успешнитежени кај нас. Тие се мајки, сопруги, лекарки, професорки, менаџерки, а пред се столб на домот.

Овој пат ве запознаваме со прекрасната Марина. Опкружена со многу дечиња од различна возвраст, со многу насмевки, игра и искрена детска енергија Марина не запозна со Пиколини. Искрена, инспиративна и со прекрасен стил Марина ни ја откри инспирацијата и идејата која стои зад Пиколини и нејзината дефиниција за успех. Уште една успешна жена во сите полиња на животот.

Погледнете како си поминавме во Пиколини, прочитајте и дознајте нешто повеќе за младата и успешна Марина облечена во LiuJo.

Косопственик сте на интернациолнатата приватна градинка Пиколини. Како дојдовте до идејата да отворите приватна градинка?

Како мајка на две ќерки и љубовта кон децата беше мојот мотив да создадам место за децата каде што ќе има многу топлина и љубов, нега и грижа а во исто време ќе се социјализираат и ќе изградат свој свет. Затоа несомнено и мотото на Пиколини е „Каде што растат малите херои”. Бидејќи секое дете сонува за некој лик од цртаните и се  поистоветува со истиот. Затоа нашата визија е на секое дете да му дозволиме да биде херој на свој начин.

Колку време постои градинката и како оваа градинка се разликува од другите градинки од ваков тип?

Интернационалната градинка Пиколини постои веќе 11 години а 2 години е на нова локација во близина на Сити Мол. Дизајнирана и модерно уредена по сите светски стандарди, кое располага со објект од 700 квадратни метри и 3.300 квадратни метри дворно место за игра и забава на разнобојни и безбедни нишалки и реквизити. Дворот содржи и простран спортски терен опремен за разни спортски и телесни активности. Интернационалната градинка Пиколини нуди поинаква нега и едукација што е специјално заснована врз основите на програмата за воспитно - образовна работа со деца на Универзитетот Кембриџ за основен англиски (Cambridge Primary English Curriculum Framework) во релација со националната наставна програма за Англија (National Curriculum for England).

Овој програм подразбира пристап што се базира на идеи и докази каде што детето се обидува да одговори на прашања со собирање докази преку набљудување.

Односот кон храната е истовремено цивилизациски пристап на една личност. Храната е јадење, терапија, лек за организмот и убавина на едно дете. Наша животна мисија е заштита и одржување на здравје , негувани деца и нивен долг и здрав живот.

Интернационалната градинка Пиколини, како синоним за највисок стандард во областа на згрижување и едукација на децата  а со цел, само најдоброто е доволно добро за децата, отпочна соработка со Zan Mitrev Clinic од Скопје  за  воведување на здрава исхрана во градинкata под мото#ЗаЗдравиДецасо ЗдраваИсхрана.

Имате голем, успешен и професионален тим со кој работите, прекрасна локација и модерен екстериер и ентериер. На што најмногу го препишувате успехот на вашиот бизнис?

Секојдневно тимот во градинката ја користи образовната моќ на играта за растење на детето, сето тоа придружено со забава, нега и грижа. Грижливите и посветени воспитувачки растат, учат и ја развиваат имагинацијата заедно со детето и веруваат дека наставната програма ја сочинува се што се случува во просторијата, од интеракција и јадење, до учење песни, пеење и играње. Образованието и развојот се важни, но тимот на Пиколини знае дека најважно од се за детето се сигурноста, безбедноста и здравјето. Затоа тимот е подготвен на секој начин да одговори на предизвиците и да обезбеди сигурна околина за децата.

Која е вашата дефиниција за успех? Кое од вашите лични достигнувања го сметате за најголем успех?

Моето животно мото е „Упорноста секогаш се исплаќа” и за мене лично најголем успех и задоволство е кога ќе видам дека децата кои доаѓаат во Пиколини се среќни деца и моментот кога не сакаат да си заминат дома бидејќи тука се чуствуваат како дома и убаво.

Како жена менаџер, сопственичка на успешен бизнис треба секогаш да изгледате современо, во тренд и модерно. Како би го дефинирале вашиот моден стил?

Како и секоја жена и јас се трудам да изгледам секогаш пристојно а во исто време тренди и модерно кога одам на работа. Понекогаш кога моите обрски налагаат така облекувам класични парчиња но, поголемиот дел од денот сакам да носам неформални парчиња облека која во исто време ме претставуваат мене како карактер. Знаете кога некој ќе ви каже дека сте купиле или облекле нешто што личи на вас, тогаш знаете дека сте изградиле препознатлив моден стил.

Дали следите модни трендови?                                                                        

Дека следам модни трендови следам. Денес сите ние сме зависни од социјалните мрежи на кои секојдневно гледаме примамливи фотографии од убаво облечени девојки и момци од различни брендови. А тоа секако на мене влијае позитивно и ми дава нови идеи за различни комбинации. Јас лично се пронаоѓам себе си во фармерки, фустанчиња и згодни патики.

Облека: LiuJo

Фотографии: Елена Фиданска

 

TropicOOz- линија од Marella која мора да ја имате

TropicOOz- линија од Marella која мора да ја имате

Предлози за матурските вечер- втор дел

Предлози за матурските вечер- втор дел