Предлози за матурските вечер- втор дел

Предлози за матурските вечер- втор дел

Дали одбројувате веќе денови до вашиот посебен ден. Сите сме добро запознаеме дека овие два месеца сите сме во очекување на вечерите во кои ќе ја облечеме нашата посебна комбинација. Вечер во која секоја дама сака да заблеска. Матура, полуматура, прослава на вашите најблиски каков и да е поводот секогаш е важно да се чувствуваме прекрасно и удобно.

Без разлика дали сакате да изгледате класично и елегантно или шик и тренди ние подготвивме повеќе различни комбинации во кои секоја млада дама ќе пронајде парче кое ќе и се допадне.

Погледнете ги нашите предлози нив овие фотографии и препознајте го вашиот стил.

 

Мало розево фустанче

Дојде трендот да секоја млада дама поседува бежово или нежно розево фустанче кое е романтично и елегантно истовремено. Фустанчето кое ни во го предлагаме е едноставен тесен модел од тантела. Лесно за комбинирање со високи потпетици но, секогаш можете да ја одберете и поудобната варијанта и да се одлучите за балетнки.

Чанта- Carpisa

Чанта- Carpisa

Комбинација- Tally Weijl

Комбинација- Tally Weijl

Црно

Ако вашата омилена боја е црна, тогаш никогаш нема да згрешите ако се одлучите за црно тантелно здолниште и црно боди.  Секогаш е потребно и она парче кое ја прави комбинацијата навистина шик и уникатна. Ние се одлучивме за црна бајкерска јакна во тренди нежно жолта нијанса и чантичка во истата нијанса.

Комбинација- Motivi

Комбинација- Motivi

Чанта- Carpisa

Чанта- Carpisa

Металик

Различни нијанси на металик се вистински тренд оваа сезона. Сребрено миди здолниште и сребрена блуза во комбинација со розева металик јакна ќе бидат вистински погодок за оние млади дами кои сакаат буквално да заблескаат.

Комбинација- Motivi

Комбинација- Motivi

Панталони

Зошто да не се одлучите за панталони, можеби не ви паѓа прво на памет како избор, но токму затоа можеби треба да се одлучите за оваа комбинација. Елегантни панталони со интересни цветни дизајни и широк крој во комбинација со бела кошула и елегантен накит. Поминете ја вечерта чувтвувајќи се удобно и единствено.

Комбинација- Motivi

Комбинација- Motivi

Маслинасти нијанси

Маслинастите тонови и војничкиот изглед е вистински тренд овие неколку сезони. Ако сте девојка која следи модни трендови тогаш оваа нијанса е вистински избор за вас. Тантелно црно боди во комбинација ќе додаде и елемент на елеганција. Црно плико е вистински избор за моден додаток.

Комбинација- Tally Weijl

Комбинација- Tally Weijl

Чанта- Motivi

Чанта- Motivi

УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО МАРИНА СИВАКОВА ТАСКОВ КОСОПСТВЕНИЧКА НА ПИКОЛИНИ

УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО МАРИНА СИВАКОВА ТАСКОВ КОСОПСТВЕНИЧКА НА ПИКОЛИНИ

Предлози за матурските вечери- прв дел

Предлози за матурските вечери- прв дел