Купувавме во Carpisa и дегустиравме во Амигос

Купувавме во Carpisa и дегустиравме во Амигос

По повод доаѓањето на пролетта решивме да направиме шопинг во Carpisa и потоа да се одмориме и да ги пробаме промотивните коктели во Амигос.

Пролетта во Скопје веќе е пристигната. Честите промени на температурите ни предизвикуваат и чести промени во расположението. Но, без разлика дали е сончево или облачно или дали врне дожд сите ние секогаш сме расположени за шопинг. Посебно кога започнува нова сезона со нови колекции. Овој месец не само што ја најавува пролетта туку е и месецот на жената. Па, ако сеуште не сте решиле што да купите за 8ми март за вас или вашите сакани и не знаете каде да прославите го прославите празникот со вашите колешки и пријателки дефинитивно морате да ја погледнете нашата фотосесија.

Овој пат решивме да ви ја презентираме новата пролетна колекција во Carpisa. Амигос како наши пријатели пак ја отворија летната тераса  за нас и ни презентираа дел од нивното мени и мартовските пролетни коктели кои се на -30% овој месец.

Пробавме Honey and Citrus салата

Прекрасна салата подготвена со марула, пилешко, горгонзола, портокал, кромид, пиперка, ореви и брусница. Прелиена со сос од мед и портокал. Прекрасен микс од вкусови кој ќе ве засити и ќе ве освежи. Здраво и вкусно.

Пробавме Quesadillas

Мексикански специјалитет кој вклучува две тортиљи сервирани една над друга исечени на триаглоници. Можат да бидат наполнети по ваш избор. Ние избравме да бидат составени од фета сирење, домати, лук и босилок.

Пробавме Tampico Con Verduras

Амигос специјалитет со ориз и зелечнук. Мексикански ориз со печени мешани зелечнуци, печурки и кашкавал, сервирани во крцкава тортиља, прелиени со салса и павлака. Одлично изгледа, многу убаво е сервирано, а ќе се навлечете на неговиот вкус.

Пробавме Cobb салата

Пролетта дефинитвно е периодот кога започнуваме со здрава исхрана. Па, затоа пробавме уште една протеинска салата. Салата е со авокадо, пилешко месо, варено јајце, домати и крцкава сланина. Сервирана со сос од мед и сенф на подлога од ајзберг и рукола.

Промотивно пролетни коктели на -30%

 

Одбравме два коктели освежителни и вкусни за месец март. Rum Cooler и Cucumber gin fizz. Два спротивности. Едниот е благ и интензивен, а другиот освежителен и лесен.

Повелете на шопинг во Carpisa и одмор и вкусна храна во Амигос.

Успешни жени: Интервју со Јасминка Аневска

Успешни жени: Интервју со Јасминка Аневска

Задолжителни модели на фармерки од Marella

Задолжителни модели на фармерки од Marella