Успешни жени: Интервју со Едина Колашинац сопственичка на салонот за убавина Pleasure

Успешни жени: Интервју со Едина Колашинац сопственичка на салонот за убавина Pleasure

Секоја жена носи различна приказна во себе и во тие приказни сите имаат нешто заедничко. Тие се искрени, јасни, силни и истрајни. Стожер врз кој почива се и околу кој се се врти. Вечна инспирација и емоција.

Токму зошто жените се движечка сила во општеството ние решивме да одвоиме простор за да ви претставиме само еден дел од  #успешнитежени кај нас. Тие се мајки, сопруги, лекарки, професорки, менаџерки, а пред се столб на домот.

Овој пат ве запознаваме со прекрасната Едина. Насмеана и позитивна не запозна со нејзиниот тим во луксузниот козметички салон Pleasure. Убава, негувана со прекрасна енергија. Уште една успешна жена во сите полиња на животот.

Погледнете ги фотографиите направени во Pleasure, дополнети со новата колекција на Marella.

Сопственичка сте на салонот за убавината Pleasure, како дојдовте до идејата да се отворите салон од ваков тип?

Благодарение на долгогодишното искуство кое веќе стана и моја интуиција, секогаш сум се водела со мислата- “како на жените да им се разубави животот”? Денес предноста е дека се ни е достапно и сите сме поврзани, така што брзо и ефикасно можеме да реализираме се што сме замислиле. Јас сум многу динамична и тоа е тој креативен ентузијазам кој го негувам спрема она со кое што се занимавам. Првенствено ме привлекува модата, уште кога бев девојче се сеќавам дека покажував голем интерес кон облеката посебно деталите. На мајка ми и бев моден судија што добро и прилега, а што не. Така што за мене оваа работа не е нешто ново, тука само го работам она за кое сум родена да го правам. Верувам во своите соништа и напорно работам за тие да се остварат. Но, две работи се најважни: целта и патот. Кога целта ја немаме, секој одбран пат е добар. Сметам дека јас сум на правиот пат зошто јас пред се сум мајка, сопруга, сестра а истовремено жена која го води овој бизнис кон успехот.

Салонот е навистина луксузен и изгледа елегантно и прекрасно. Што е она кое би го издвоиле дека е најважно за вас и за работата на целиот ваш тим? Што е она кое навистина би рекле дека ве издвојува од другите салони за убавина?

Животот е маратон, а не спринт. Така и со работата. Се што е правилно на крајот го пронаоѓа својот пат до вас. Верувам во добрина, хуманост, знаење и труд. Секојдневната работа на крајот го носи успехот. Верувам и во својот тим кој многу професионално работи и ги промовира сите нашит козметички апрати и препарати, сето тоа со крајна цел среќни и задоволни клиенти. Најдобрите препарати и најквалитетната козметика е на прво место. Прва и основна дејност и специјалност на нашиот салон е негата на лицето и тоа е она по кое нашиот салон е препознатлив. Мое лично мислење е дека за да се постигне успех на работа неопходно е да се има одлучност и великодушност.

Вие важите за успешна и негувана жена, која е вашата тајна? Што би рекле дека најмногу влијае и допринесува за вашиот изглед?

Доста време посветувам на својот изглед бидејќи ми е многу важно да изгледам негувано, но и природно. Важно е да изгледаме елегантно и професионално и при тоа најважно е да не забораваме да се чувствуваме добро, да зрачиме со самодоверба и во комуникациите со луѓето да оставаме позитивен впечаток на сите со кои ќе се сретнеме во својата приватна средина.

Како жена менаџер, сопственичка на успешен козметички бизнис треба секогаш да изгледате современо, во тренд и модерно. Како би го дефинирале вашиот моден стил?

Пред се јас се сакам себе си и сакам да уживам во животот. Без разлика дали сме свесни или не хармонијата на нашето битие исчезнува или се зголемува преку квалитетот и желбата за организирање на нашето време. Секогаш да имаме време како за кариерата така и за нашиот приватен живот. На овој начин ќе го зачуваме нашето здравје, а и љубовта како основа на се. Моето семејство е моја најголема љубов и темел на мојот добар изглед. Модни стилови има многу, а наша задача е да препознаеме што најдобро ни прилега лично на нас или да сме доволно храбри за да ги следиме модните предизвици.

Според вашето искуство кои се модните и козметичките трендови кои денешните жени ги бараат? Како сака да изгледа според вашето искуство една модерна и успешна жена?

Главна цел на секоја жена менаџер без оглед на професијата е да остави впечаток на комплетна и професионална личност.  Не мора да го планирате вашиот стајлинг, но мора да умеете да го носите она кое што сте го облекле. Затоа првенствено мора да го следите сопствениот инстинкт и да ги следите сопствените чувства. Тајната во фаталноста пред се е во задоволството сама себе.

Облека: Marella

Фотографии: Елена Фиданска

Спортски комбинации од нашите брендови- прв дел

Спортски комбинации од нашите брендови- прв дел

Како си поминавме на пролетниот настан во Max&Co?

Како си поминавме на пролетниот настан во Max&Co?