Тренд кој мора да го имате: парчиња во зелена боја од Marella

Тренд кој мора да го имате: парчиња во зелена боја од Marella

Цветови, шарени и силни бои, разиграни и лесни материјали. Се што не асоцира на пролет го одбра Јелена за оваа фотосесија. Сигурно со будењето на природата доаѓа и времето за нашето модно будење. Многу повеќе бои, принтови, шаренила и храбри комбинации. Време е да се ослободиме од капутите, капите и шаловите и да ги замениме со лесни и лелеави парчиња.

Живи прекрасни принтови кои го навестуваат будењето на природата, а воедно и доаѓањето на моето омилено годишно време: пролет! Го препознав мојот стил во парчињата што ги нуди оваа колекцијата, посебно моето омилено парче: ѕвонести сукњи со висок струк.

Она што можеме со сигурност да ви го гарантираме е дека Marella оваа пролет има по нешто за сечиј вкус.

Трендот кој сакаме да го презентираме оваа фотосесија е дел од линијата Tropico , која со своите смели бои и цветни, геометриски принтови дефинитивно го потенцира доаѓањето на пролетта и топлите денови.

Она кое што ни е најважно во овие топли денови е да се чувствуваме удобно, да сме облечени во лесни материјали и со сигурност сакаме да сме забележани.

Раскошна смарагдно зелена боја нема ниедна дама да остави рамнодушна. Често ја гледаме оваа боја по улиците на модните метрополи, на модните детали на светските блогерки, вистински тренд во луксузните брендови.

Ние ја одбравме токму оваа кралска боја да ја фотографираме на нашата Јелена на неколку скопски локации. Малку раскош и гламур во нашите животи и нашите улици. Зошто да не ги разубавиме улиците на нашето Скопје?

Задолжителни пролетни парчиња од Yamamay

Задолжителни пролетни парчиња од Yamamay

Успешни жени: Интервју со Јасминка Аневска

Успешни жени: Интервју со Јасминка Аневска