Задолжителни модели на фармерки од Marella

Задолжителни модели на фармерки од Marella

Добриот крој фармерки може да ги прикрие сите недостатоци кои ги имаме и секако да ги нагласи позитивните страни на нашето тело. Има голем број на модели чии имиња некогаш не збунуваат. Фармерките имаат моќ да ги намалат бутовите, да го подигнат задникот и да ја издолжат фигурата. Но, покрај големиот избор на модели и броеви, понекогаш може да се случи и макотрпната потрага по совршениот пар да биде безуспешна, а некогаш и не сме сигурни одреден модел фармерки како вистински изгледа и стои на женско тело. Со цел да ги избегнете најголемите грешки, најважно е да ги познаваме моделите и како тие всушност треба да изгледаат на вашето тело. Така и вие ќе можете да си ги одберете фармерките кои на вас ќе ви одговараат совршено. Дури и да ги имате совршените фармерки секогаш е поубаво кога ќе се освежите или барем запознаете со некој нов модел. Ние бевме во Marella и преку фотографии решивме да ви ги претставиме моделите на фармерки кои морате да ги имате оваа сезона.

Regular Fit

Класичниот модел секогаш е парчето кое мораме да го имаме. Токму овој модел можете да го комбинирате буквално со се. Одговара и со високи потпетици и со патики. Најлесен за комбинирање и прилега на секој тип на женско тело.

Mom Fit

Спротивно од премногу тесните фармерки се токму овие кои популарно се наречени ‘Mom jeans’ кои моментално се најпопуларниот тренд во модниот свет. Трендсетерките ги обожаваат, ги носат со широки кошули, џемпери, маици. Ако сакате да го нагласите струкот можете да додадете некој впечатлив колан.

Skinny Fit

Многу, многу тесниот модел на фармерки. Никогаш не излегува од мода и ги нагласува вашите облини. Но, тоа не треба да не плаши кога се работи за високо квалитетен матерјал на џинс како моделите на нашата Marella. Фармерки кои ќе ги истакнат вашите позитивни страни и дефинитивно ќе ги прикријат недостатоците.

High Waist

Хит за оваа се­зо­на се фар­мер­ки­те што се тес­ни, а имаат висок струк. Овој мо­дел има ви­со­ка по­ло­ви­на и освен што е трен­дов­ски, тој е и мно­гу при­ја­тен. Овие фар­мер­ки се со­вр­ше­но пар­че об­ле­ка за про­лет. Мо­жат да се но­сат со чиз­ми, со ба­ле­тан­ки или со сан­да­ли. Тие изг­ле­да­ат од­лич­но во секоја боја ќе ви донесат ретро свежина, ќе го истакнат струкот и одлични се за комбинации со кроп блузи и џемпери.

Купувавме во Carpisa и дегустиравме во Амигос

Купувавме во Carpisa и дегустиравме во Амигос

Задолжителна комбинација од Weekend Max Mara

Задолжителна комбинација од Weekend Max Mara