Задолжителна комбинација од Weekend Max Mara

Задолжителна комбинација од Weekend Max Mara

Сигурно веќе сте запознаени со нашите соработки со модните блогерки. Немојте да се грижите овој тренд ние го продолжувме. Емилија, Missurbanvibe ни го претстави повторно нејзиниот омилен бренд за оваа сезона Weekend Max Mara. Нејзините must have парчиња за оваа сезона се впечатливи и удобни.

Овој пат се реши за риги, морнарски принт, тегет,црвени нијанси и парка јакна. Знаеме дека алово црвената боја е задолжителна оваа сезона. Веќе е прогласена како тренди боја за пролет, а веќе знаеме дека совршено се комбинира со тегет боја, а посмелите дами можат да ја комбинираат и со небесна сина.

„Морнарскиот принт или облеката со пруги секогаш ме асоцира на одмор, време кога го добиваме најдоброто за себе си: забава, среќа, радост и добро расположение. Затоа секогаш се одлучувам за парчиња на облека со овој принт, кои додека ги носам ме прават енергична, самоуврена и неодолива.
И без разлика на сезоната и приликата, овој принт е вонвременски".

Комбинациите и нијансите на црвена боја со сина и тегет кои ги одбра Емилија ќе бидат тренд оваа сезона и како што веќе знаеме- морнарскиот принт и ригите се она кое можете да го забележите по улиците на сите светски модни метрополи.

Како што знаеме и ние лично искусивме на фотосесијата пролетта секогаш изненадува. Март отсекогаш важел за еден од најнепредвидливите месеци па, најчесто и не можеме да решиме што да облечеме наутро. Многу често се случува да се наоблечеме заради утринската свежина и потоа да ни е премногу топло. Обратната ситуација се случува кога храбро се решаваме да одиме на работа само со џемпер, па потоа се укажува дека таа одлука не била најдобрата. Затоа Емилија реши да понесе подолг кардиган и парка јакна.  

Парките оваа сезона повторно се парчето кое морате да го имате. Она што е специфично за парката од Weekend Max Mara е тоа што можете да ја носите од двете страни. Дефинитивно е парче кое морате да го поседувате во гардероберот.

Ние сакаме да ви ги доближиме светските трендови преку нашите тренди парчиња фотографирани со Емилија на атрактивни скопски локации. 

Задолжителни модели на фармерки од Marella

Задолжителни модели на фармерки од Marella

Морнарски принт: задолжителен тренд од Marella

Морнарски принт: задолжителен тренд од Marella