Моја Африка: Must-have парчиња на Weekend Max Mara

Моја Африка: Must-have парчиња на Weekend Max Mara

 

Уште една од многуте соработки со нашите локални модни блогерки. Светските модни трендови од улиците на Милано, Париз, Њујорк претставени од нашите девојки- модни блогерки низ локалните скопски улици во Дебар Маало, низ центарот на Скопје, на плочник или можеби токму на вашата улица или во вашето омилено кафуле.

Она кое сите не фрустрира додека ги гледаме светските модни блогерки и сајтови e тоа што многу често гледаме парчиња кои ни се далечни и за кои мораме да патуваме за да си ги купиме. Па, самото разгледување и листање низ Инстаграмот на овие девојки за многу од нас претставува измачување. Затоа немојте да очајувате се што ќе видите на фотографиите го имаме во Ramstore Mall во нашиот дуќан од групацијата Max Mara, Weekend Max Mara.

Сигурно веќе ја имате запознаено нашата Емилија- Miss Urban VIbe која реши да ни претстави парчиња од брендот Weekend Max Mara. Како што веќе знаете брендот Weekend Max Mara, важи за еден од најелегантните и најсофистициран во модниот свет што премногу не потсетува на Емилија- Miss Urban VIbe.

„Бидејќи сум личност која постојано го менува својот стил, а облеката ја гледам како начин на изразување на својот идентитет пред остатокот од светот, затоа секогаш одбирам парчиња на облека кои се во согласност со мојот карактер. Колекцијата на Weekend Max Mara со својата разновидност на силуети и игриви парчиња комплетно ме отсликува, па затоа би ги издвоила како омилени”.

Инспирирани од различните принтови и од џунглата се одлучивме да ви претставиме дел од линијата со темата Моја Африка. Принтови и бои преку кои ќе ве однесеме на егзотично и примамливо патување низ Африка. Стилот и естетиката на целата линија е преточен во микро и макро геометриски дизајни, текстури и бои кои со сигурност ќе ве потсетат на африканските племиња и генерациите на жени кои живееле таму. Земјени бои, шаренило и интересни модни додатоци. Она кое ние ви препорачуваме е дефинитвно да научите како вашите марами да ги врзувате во турбан.

Емилија во оваа комбинација се одлучи за oversized кошула и A-line здолниште во различни геометриски принтови. Кој вели дека мешањето на принтови не изгледа добро? Погледнете ја прекрасната фотосесија и комбинацијата која ни ја направи Емилија и не дозволи дождот да ни го расипе прекрасното расположение.

IMG_7100.jpg
 
Морнарски принт: задолжителен тренд од Marella

Морнарски принт: задолжителен тренд од Marella

Три бои кои морате да ги имате во гардероберот оваа пролет

Три бои кои морате да ги имате во гардероберот оваа пролет