Magnetik DooelComment

Накитот на Max&Co и Swarovski за да заблескате

Magnetik DooelComment
Накитот на Max&Co и Swarovski за да заблескате
 

Италијанскиот бренд Max & Co повторно докажува дека е се што една девојка и жена може да посакуа. Ако вредноста на традицијата, елеганцијата и квалитетот на модерните, тренди парчиња ги поврзувате со Max&Co, тогаш љубовта кон овој бренд ќе се засили кога ќе го погледнете нивниот накит и модни додатоци. Специјалниот проект на MAX&Co со Swarovski е дефинитивно љубов на прв поглед. Колекцијата е инспирирана и дизајнирана од различни теми: ѕвезди, ноќни светла и блескави бои и презема понатамошна инспирација од најновите трендови во светот на накит. Всушност едни од најубавите, најсветкавите и највпечатливите парчиња накит се токму овие. Совршени за подарок но, исто толку совршени да се разгалите и да си дозволите малку светки во вашиот живот. Почетокот на една долга љубовна врска започнува од овие светкави фотографии.

Накитот е претставен во минималистичка кутија спремен да ви предизвика максимално искушение. Што да oдберете?

Прекрасни обетки со кристали во форма на ѕвездички во нежна и романтична праскова боја.

Шармантно ланче со медалјон полно со кристална прашина или ланче со нежен привезок со ѕвездичка и кристали?

Ако барате пак совршен подарок за елегантна дама тогаш вашето решение  е прекрасен комплет од огрлица и алка со црни кристали.

Одлични црвени, жолти, сини, црни и сиви рокерски, светкави алки.