СТИЛСКИ СОВЕТИ: Кои се новите стајлинзи за работното место?

СТИЛСКИ СОВЕТИ: Кои се новите стајлинзи за работното место?

Колку пати до сега сте се довеле до ситуација да доцните на работа затоа што не сте знаеле што да облечете ? Можеби 3 до 5 пати неделно - одново и одново доживувајќи го истото сценарио? Доколку ова сценарио е темната страна на вашето секојдневие, тогаш оваа статија е наменета токму за Вас.  Единствено, имајте на ум дека вашиот плакар содржи парчиња кои можат да се претворат во ултра –модерни стилски комбинации за секој ден од неделата.

Во прилог, неколку стилски совети кој ќе ви помогнат со леснотија да ги комбинирате есенските парчиња во модерни и софистицирани комбинации, без притоа да го изгубите чувството за организација и време во вашето секојдневие. 

 

Паметен понеделник

Вистина е дека понеделник е оној ден од неделата кој за некого е предизвик, а за некого вистински кошмар. Но да не заборавиме дека облеката и стајлингот се огледало на женскиот карактер и персоналитет. Разубавете го понеделникот со модна комбинација која ќе ја подкрене вашата самодоверба и ќе ја зголеми вашата продуктивност, и доловете го оној 'smart' стајлинг.

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

MARELLA

MARELLA

PWNNYBLACK

PWNNYBLACK

 

Деловен вторник

Доколку овој ден ви е најчесто резервиран за деловни состаноци, тогаш бизнис стајлингот е вистинскиот избор за. Тргнувајќи од златното правило дека помалку е повеќе, топло ви препорачуваме да се одлучите за елегантен и паметен бизнис изглед. Запомнете ‘Smart is the new sexy’.

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

PENNYBLACK

PENNYBLACK

GERRY WEBER

GERRY WEBER

 

Среќна среда 

Терминот Среќна Среда’ ни е добро познат на сите. Среда е денот на кој најчесто му ги отстапуваме големите одлуки и новите почетоци. Затоа, во овој ден од неделата облечете нешто ново и направете комбинација во која се чувствувате прекрасно и самоуверено. Ви предложуваме стајлингот да ви биде во топли бои кои имаат големо влијание врз расположението.

OLTRE

OLTRE

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

MAX&CO

MAX&CO

 

Елегантен четврток

При крајот на работната недела, по сите одлуки и состаноци, во четврток одберете едноставен и елегантен стајлинг кој нема да ви одземе време и енергија во утринските часови.  Во зависност од динамиката на вашата работа, едноставниот стајлинг е секогаш најдобра и безвременска модна опција за на работното место.

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

MARELLA

MARELLA

OLTRE

OLTRE

 

Кежуал петок

Трендот ‘кежуал петок   се повеќе се проширува и практикува низ светот. Петок, како последен ден од работната недела, дозволува да облечете нешто кежуал, наместо деловно; секако доколку вашето работно место го дозволува тоа. Големите светски корпорации веќе го практикуваат овој тренд, започнете го и вие кај нас!

MAX&CO

MAX&CO

OLTRE

OLTRE

GERRY WEBER

GERRY WEBER

Блогерски настан: CARPISA ja претстави својатa нова колекција Есен/Зима 17

Блогерски настан: CARPISA ja претстави својатa нова колекција Есен/Зима 17

Моден водич: Кои се најактуелните кроеви на панталони, и кои да ги одберете вие?

Моден водич: Кои се најактуелните кроеви на панталони, и кои да ги одберете вие?