MAX&Co - Како да комбинирате парчиња на попуст со новата колекција?

MAX&Co - Како да комбинирате парчиња на попуст со новата колекција?

Која страст е поголема; купувањето повеќе прекрасни парчиња на попуст, или една комбинација од најновата колекција? Секоја модерна жена секојдневно се соочува со овој проблем. Но како да си го олесниме шопингот и како да вклопиме се во едно?

MAX&Co специјално за вас подготви едиторијал преку кој ќе дознаете како ја направите совршената комбинација вклучувајќи ги попустите и новите колекции. 

1. Дополнете го прекрасниот плисе фустан и коралните чевли од колекцијата пролет/лето со впечатлив мантил во пруги од новата коелкција есен 2016. Розевиот детал на мантилот совршено се вклопува во комбинацијата, а сепак ќе му даде целосно нова свежа димензија на вашиот аутфит. Како клучен додаток, корално-розевата ташна од колекцијата на попуст.


2. Препознатливата MAX&Co маица во принт со папагал од колекцијата на попуст комбинирајте ја со новиот уникатен крој на фармерки - cropped за да бидете во чекор со последните светски модни трендови. Да не го изоставиме animal принтот кој повторно се враќа на модните писти во оваа комбинација како есенски мантил, и сребрените сандали кои совршено ќе го надополнат секој ваш аутфит.


3. Мини здолниште во комбинација со долг сив мантил за да се долови трендовскиот 'Скандинавски' моден стил којбеше особено изразен на Јунската Берлинска модна недела.


4. Новите cropped панталони повторно во уште една уникатна комбинација, но сега во виши принт и во комбинација со уникатна кожна бомбер јакна. Целиот аутфит надополнет со бела кошула, црни салонки и чанта од колекцијата полет/лето 2016. 


5. Sporty-chic MAX&Co комбинација - уникатно Пончо и кафени кожни чизми како парчиња од новата колекција кои мора да ги имате во вашиот гардеробер. Надополнети со кежуал блузон и корално-розевата ташна која совршено го доловува стилот на MAX&Co.

Ленот за лето и како го носат славните модни икони

Ленот за лето и како го носат славните модни икони

Уметноста на безвременската мода - ART 365 MARELLA

Уметноста на безвременската мода - ART 365 MARELLA