Моден водич: Кои се најактуелните кроеви на панталони, и кои да ги одберете вие?

Моден водич: Кои се најактуелните кроеви на панталони, и кои да ги одберете вие?

Панталони, панталони, панталони... Од каде да започнеме?! Постојат толку многу типови на панталони и уште повеќе фактори кои го диктираат вистинскиот избор! Формата на телото, личниот вкус, стилот, посакуваниот материјал, приликата за која ни се потребни – што значи дека на крајот од денот некој тип на панталони ни се едноставно судени!

Кежуал фармерки за секој ден, елегантна панталона за девојката која го освојува светот на бизнисот, забавни искинати фармерки за луда вечер со пријателките, комфортни фармерки доколку цел ден планирате да го посветите во чест на кафето! Но дефинитивно, секоја девојка треба да поседува по еден од сите овие видови на панталони , а зависно од приликата истите да ги употребува!

Целата мотивација на овој текст беше пронајдена во продавниците на ОЛТРЕ во ТЦ Рамсторе каде ја сретнавме колекцијата на панталони за секоја жена! Секој модел е именуван по најголемите модни метрополи во светот, ЊУЈОРК, ПАРИС, МАДРИД, МИЛАНО, ДУБАИ И ЛОНДОН што дополнително зборува за креативноста и глобализацијата на брендот! Дали сте ЛОНДОНСКА ДЕВОЈКА или ПАРИСКА ДАМА.. или пак можеби ЊУЈОРШКА ДИВА?!  Оставаме на вас да ги погледнете нивните модели и сами да одлучите кој град ќе ве маѓепса!

ПАРИЗ – тесни панталони

Француската елеганција секогаш го одзема здивот и токму таа е водилката во светот на модата која секогаш е чекор пред другите. Тесната Париска панталона – идеална за дневното кафе со пријателките но и за на работното место!

 

МИЛАНО – регулар

Секојдневна панталона која на префинет начин ги изразува убавините на секоја жена. Рамен пад, прекрасен крој, кралица во бизнис светот!

 

МАДРИД – чино панталона

Лежерна пантолона која дефинитивно се сопаѓа со брзиот живот! Пријатна за секоја пригода, лесна за комбинирање, совршена за онаа дама која својот лежерен стил би сакала да го задржи дури и на местата каде елеганцијата е задолжителна!

 

ДУБАИ – морков панталона

Спортска и лежерна, но дефинитивно елегантна! Кој вели дека елеганцијата не може да се поврзе со спортскиот дух дефинитивно треба да ја проба оваа панталона! Ластикот на струкот во идеална комбинација со манжетната под глуждот.. Храбро!

 

ЛОНДОН - ѕвонести

Звонарките повторно во мода.. Крој инспириран од 90те со силен фокус на волумен. Комбинирајте ги со високи чевли на полна пета и висока платформа за да се задржи стилот на 90те а сепак да изгледате како деловна дама која знае што сака!

 

ЊУЈОРК – панталона-цигара

Модерна, елегантна, моќна... тоа е ЊУЈОРШКАТА ДИВА! Совршен широк крој кој се стеснува над глуждот. Горниот дел на панталоната вешто ги покрива деловите кај стомакот, а самиот модел е предвиден да се носи на висок струк. Дискретниот дезен на џебовите на задниот дел од панталоната дополнително зборуваат за совршеноста на овој модел.

СТИЛСКИ СОВЕТИ: Кои се новите стајлинзи за работното место?

СТИЛСКИ СОВЕТИ: Кои се новите стајлинзи за работното место?

Стилски совети: која боја најдобро му прилега на вашиот тен?

Стилски совети: која боја најдобро му прилега на вашиот тен?