Стилски совети: која боја најдобро му прилега на вашиот тен?

Стилски совети: која боја најдобро му прилега на вашиот тен?

Да се избере вистинската боја на облеката знае да биде вистински предизвик, па со оглед на ова најчесто се придржуваме кон палетата на неутралните бои – кои се наѓата комфортна зона. Самата палета на бои, особено во модата е навистина огромна, што дополнително не збунува кога треба да го направиме изборот. Но, да ги тргнеме на страна моменталните трендови, вашите лични преференции, вашиот вкус, вашето моментално расположение и на момент да се препуштиме да разбереме зашто понекогаш бојата која можеби никогаш не би ја одбрале може да биде токму онаа која ќе направи да заблескате!

Во едно интервју познатата холивуска стилистка Кристина Ерлих која е заслужна за беспрекорниот изглед на Пенелопе Круз изјавила : Кога нов клиент доаѓа кај мене, првата работа која ја правам е студирањето на нивниот тен за да знам што би му прилегало најдобро. Бојата за мене е најважната работа кога станува збор за совршен стајлинг – и мислам дека ова можеби е факторот кој ја прави мојата работа уникатна и единствена! Лесно е да носиш црна боја – но поживите бои знаат да бидат прекрасни! 

Исто како и изборот на шминка и фризура, така и стајлингот треба да биде диктиран од тенот на вашата кожа. Според оваа студија , се создадени две главни категории : топла, ладна. Многумина ја имаат способноста сами да проценат која боја најдобро им прилега бидејќи многу пати тоа е навистина очигледно, но некогаш се случува навистина да сакаме некоја боја која не одговара со нашиот тен па настанува проблем. Во тој случај, кога бојата која ја сакате не ви прилега , најдобро е да ја користите преку акцесоарите и малите детали – накит, чанта, каиш, чевли..

Направивме кратка категоризација според која ќе одредите која боја најдобро одговара на вашиот тен. Прочитајте и пронајдете се.

 

ТОПЛА КАТЕГОРИЈА

Боја на коса : Варира од темно кафена до темно плава боја

Боја на тен : Варира од светол тен со пеги до бронзени нијанси

Очи: Тиркизни и карамелни нијанси 

Доколку спаѓате во оваа категорија најмногу ви прилегаат топлите бои како што се портокаловата и златно-жолтата, додека пак од ладните бои совршено би ви прилегала цикламата. Како неутрална боја ја издвојуваме темно чоколадната.

JENNIFFER ANISTON 

JENNIFFER ANISTON 

PENNYBLACK

PENNYBLACK

MARELLA

MARELLA

WEEKEND MAK MARA

WEEKEND MAK MARA

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

LIU JO

LIU JO

PENNYBLACK

PENNYBLACK

PENNYBLACK

PENNYBLACK

 

ЛАДНА КАТЕГОРИЈА

Боја на коса : Варира од црна до светло плава

Боја на тен : Може да варира од многу темен тен до премногу светол, но со блескава нијанса и розеви тонови

Очи: Сини, сиви, зелени или темно кафени

Оние кои спаѓаат во ладната категорија најдобро би било да се фокусираат на кралската сина, темновиолетовите нијанси, бојата на рубинот ,светло розевата и сивата, а да ги избегнуваат портокаловата и жолтата.

UMA THURMAN

UMA THURMAN

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

MARELLA

MARELLA

LIU JO

LIU JO

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

PENNYBLACK

PENNYBLACK

LIU JO

LIU JO

MONICA BELLUCCI

MONICA BELLUCCI

LIU JO

LIU JO

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

 

 

Моден водич: Кои се најактуелните кроеви на панталони, и кои да ги одберете вие?

Моден водич: Кои се најактуелните кроеви на панталони, и кои да ги одберете вие?

Кои се 6те клучни модни трендови на новата сезона?

Кои се 6те клучни модни трендови на новата сезона?