Како да носите макси фустан како Оливиа Палермо

Како да носите макси фустан како Оливиа Палермо

Не можевме а да не забележиме, како модната стилска икона Оливиа Палермо се провлекува во се поголем број на макси стилски комбинации, и тоа паралелно со затоплувањето и доаѓањето на високите температурни жештини. Во нејзината последна капсулна колекција за Nordstrom и соработката со Max&Co, се забележуваат изразени модни комбинации во кои доминираат макси фустаните, што ни најмалку не не изненадува, со оглед на фактот дека Оливиа едноставно ги обожува долгите летни креации кои се особено популарни во летните периоди ( И има зошто ).

На еден од последните модни настани каде Оливиа Палермо присуствуваше,  папараците ја забележаа облечена во бохо-инспириран макси фустан со ѕвонести долги ракави. Со неутрална спојка во пределот на половината и длабок V израз, се додава еден модерен спин на самата креација.

PENNYBLACK

PENNYBLACK

 

Како да носите макси фустан?

Макси фустаните можете да ги носите буквално со што и да посакате. Впрочем, тука се наоѓа и нивната убавина. Светските модни блогерки смело ги комбинираат дури и со патики, но сето тоа надополнето со софистицирана мала чанта која суптилно балансира, давајќи урбан спин на вашиот моден стајлинг. Во прилог, Ви предлагаме неколку шик варијанти на макси фустани.


Софистицирана дама

Доколку сакате да постигнете изглед кој ќе биде соодветен и за дневните и за вечерните часови, тогаш слободно одлучете се за макси фустан во риги. Сите комбинации на риги и точки, вклучително бело-сините, црно-белите и црвено-белите се апсолутен хит, најмногу заради фактот што лесно се трансформираат од кежуал во модерна класика. Чувствувајте се слободни да ги комбинирате со кожни римјанки или сандали на висока потпетица.

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

За софистициран минимализам, ви предлагаме целосно бел макси фустан од модниот бренд Wekeend Max Mara.

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

 

Цветни мотиви а дневен гламур

Големите цветни мотиви на макси фустаните се совршен избор за во канцеларија, затоа што од една страна се соодветно претставителни за непланирани состаноци, а од друга страна доловуваат луксузен и богат изглед.  

MARELLA

MARELLA

 

Бохо тренд

Доколку сакате да го доловите бохо-шик стајлингот, тогаш овој макси фустан е совршен избор за вас. Бохо-инспирираните макси фустани се препознатливи по лелеавите силуети, шерените мотиви и доминацијата на кафени тонови. Одлучете се за летни сандали кои ќе кореспондираат со барем една од боите на вашиот макси фустан.

За оние жени кои што се чувствуваат самоуверено и храбро во сопствената кожа, советуваме да го комбинирате со летни чизми до глужд– ве уверуваме дека нема да згрешите.

MARELLA

MARELLA

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

PENNYBLACK

PENNYBLACK

Романтична Французинка

Пастелните нијанси се совршен моден погодок доколку сакате да изгледате гламурозно, а истовремено младешки на секој настан. За да добиете луксузен момент на вашиот стајлинг, ставете црн кожен колан во пределот околу половината, масивни метални нараквици во златна боја, црни сандали на висока потпетица и подготвени  сте да одите!

MARELLA

MARELLA

MAX&CO

MAX&CO

LIU JO

LIU JO

3 гламурозни летни дестинации, и што да понесете со Вас

3 гламурозни летни дестинации, и што да понесете со Вас

Предлог комбинации со супер цени, за вашето патување од соништата

Предлог комбинации со супер цени, за вашето патување од соништата