Како да се облечете на +30 Степени Целзиусови?

Како да се облечете на +30 Степени Целзиусови?

Неподносливите високи температури веќе ни пристигнуваат. Дали знаете што да облечете за да се чувствувате пријатно? Прочитајте ги четирите клучни правила за облекување на +30 С.

 

1. Лесни и пријатни материјали

Првото и најважно правило за летните аутфити е да бидат од лесни и природни матерјали за да и овозможат на кожата лесно да дише. Памукот, особено ленот, вискозата и да не ја заборавиме свилата се совршени за високите температури. Како главна карактеристика, овие матерјали го намалуваат потењето, и брзо се сушат.

Природните матерјали често можеме да ги пронајдеме и во интензивни принтови, кои ќе овозможат уникатен изглед.

За ова правило ви подготвивме две комбинации од MAX&Co и LIU JO кои можете да ги пронајдете во Рамстор. 

За ова правило ви подготвивме две комбинации од MAX&Co и LIU JO кои можете да ги пронајдете во Рамстор. 

Памучно цветно здолниште во комбинација со кошула од свила-памук во линии, како главен тренд на сезоната и памучни цветни панталони во комбинација со памучна блуза со макси кругови и чипка за да ги освоите сите погледи!

 

2. Комфорни кроеви 

Како второ правило модните експерти ги препорачуваат комфорните кроеви со цел облеката да не се залепи за телото и воедно да се овозможи повремено ‘проветрување’. Прекрасниот ‘vichy' фустан на луксузната МАРЕЛА е совршен за да му овозможите на вашето тело да се чувствува пријатно и на летните топлини.

Како втор предлог, уникатните кратки пантолони на LIU JO во комбинација со лесна и широка памучна блуза во принт со палми.

3. Светли бои

Едно од најпознатите правила на физиката - темните бои привлекуваат повеќе светлина, и со тоа ќе ви ја кренат температурата на телото уште повеќе. Од другата страна, светлите бои ја одбиваат светлината. Наполнете го гардероберот со што посветли бои и принтови!

Секако, не ги заборавајте тропските принтови и деним деталите кои ќе го надополнат вашиот аутфит!

4. Удобни чевли и летни модни додатоци

Надополнете го вашиот летен аутфит со удобни чевли, наочари за сонце и шешир за да се зашитите од сончевите зраци.

Ниски, високи, сандали или патики, одберете ги чевлите според вашиот стил и уживајте во летото!

Што да облечете за свечена пригода? - Совети од модна блогерка

Што да облечете за свечена пригода? - Совети од модна блогерка

 Вагата ги мери килограмите, но не и стилот. Модни совети што да облечете според формата на телото.

Вагата ги мери килограмите, но не и стилот. Модни совети што да облечете според формата на телото.