10 златни правила за пакување!

10 златни правила за пакување!

Возбудата околу патувањата е секогаш огромна, но пакувањето знае навистина да нè умори...

Кај 73% од луѓето пакувањата и подготовките за пат започнуваат со голем ентузијазам но после само неколку минути следи следното: "Што да носам? Колку фармерки ќе ми бидат потребни? Куферот е премногу мал! Немам место за сите работи кои ги планирав! Или можеби спакував премногу непотребни работи?!" 

Прашања чии одговори ги добиваме тогаш кога навистина веќе не ни се потребни! 

ТОЧКАМАГНЕТИК ГРУП и блогерката Емилија ви подготвија 10 златни правила со цел да ви помогнат да се спакувате рационално и без многу нервози!

1. Проверете ја прогнозата за деновите и локацијата која ја посетувате, па според тоа започнете го пакувањето!

2. Направете распоред од комбинации кои ќе бидат лесни за модифицирање !

3. Погрижете се вашите патни документи да бидат средени во организер за пасош со цел да ви бидат достапни кога и да ви се потребни, а не хаотично расфрлeни низ чантата бидејќи тоа би предизвикало дополнителна нервоза!
 

4. Погрижете се да изберете комбинации во живи летни бои, бидејќи црната е навистина непријатна на температура од 30 степени Целзиусови!

5. Секогаш спакувајте еден пар фармерки, јакна и мало чадорче, во случај временската прогноза да не испадне најточна!

6. Секогаш на прво место ставајте ја удобноста, па кога пакувате чевли... изберете ги оние во кои се чувствувате удобно и кои најлесно може да се искоминираат со повеќето од комбинациите!

7. За да не губите место во куферот и да не го правите багажот само потежок, најдобро е да ги спакувате сите шампони и лосиони во мали пластични шишиња!

8. Од хигиенски причини, во посебна кесичка спакувајте ја долната облека за да не биде во контакт со алиштата во куферот!

9. Не трошете простор на шминки, фен за коса, пегла за коса... уживајте во природната убавина наместо да се нервирате доколку ви се размачка шминката од топлото време!

10. И последни, но дефинитивно НАЈВАЖНИ - костим за капење, пешкир за на плажа, очила за сонце и фенси шешир!

*Во едиторијалот се користени производи кои можете да ги најдете во продавниците на CARPISA, PennyBlack, Liu Jo, Weekend MaxMara, Max&Co и Marella во ТЦ Рамсторе! Во Скопје навистина недостасуваше продавница каде ќе можете да пронајдете буквално сè за вашето патување... Но затоа продавницата на CARPISA се погрижи да може да бидете практични и модерни, во исто време! Куфери и рекзвизити кои ќе ви го олеснат патувањето и организацијата!

Текст: www.tocka.com.mk

Фотографија: Ивана Дракулевска

Модел: Емилија Вучиновска MissUrbanVibe

 Разбуди ја летната бунтовничка во себе заедно со Tally Wеijl!

Разбуди ја летната бунтовничка во себе заедно со Tally Wеijl!