Паметно купување на попуст со Motivi, Oltre, Fiorella Rubino

Паметно купување на попуст со Motivi, Oltre, Fiorella Rubino

Сите со нетрпение ги очекуваме сезонските попусти, но често се соочуваме со проблеми како недостаток на соодветни броеви, недостаток на комбинации и слично. 

Сакаме да споделиме 3 совети како да купувате паметно за време на попустите и одбравме неколку интересни комбинации од Motivi, Oltre и Fiorella Rubino кои во моментот се намалени до -50%.


OLTRE ДО -50%

1. Дојдете први на почетокот на попустите додека сеуште има избор на броеви и модели!

За да го искористите паметно сезонскиот попуст, дојдете веднаш кога ќе дознаете дека попустите започнале. Сите купувачи нетрпеливо ги очекуваат ниските цени и броевите и моделите брзо ги снемува. 

 

FIORELLA RUBINO ДО -50%

2. Правете шик и уникатни комбинации!

Често ни се случува да купиме парчиња на попуст кои потоа немаме со што да ги комбинираме. Кога купувате од старата колекција, не ја заобиколувајте и новата за да направите некоја уникатна комбинација. Последните испораки од старата, и првите испораки од новата колекција често се наменети и дизајнирани да можат да се комбинираат со цел да ни го олеснат купувањето. 

 

3. Одвојте неколку часови за шопинг и уживајте во времето за себе!

Во периодот на сезонските намалувања се соочуваме со гужви и понекогаш не знаеме да уживаме во шопингот. Ве советуваме да си одвоите повеќе време за себе со цел да ги одберете совршените парчиња во кои подоцна ќе уживате. Дозволете си малку повеќе слободно-време, верувајте, одлично ќе се чувствувате!

MOTIVI ДО -50%

4. Следете ги вашите омилени модни портали, блогови и социјални мрежи

Не заборавајте дека денес онлајн можете да пронајдете скоро се што ве интересира. Следете ги вашите омилени модни блогови и бидете во тек со сите новини.

 Вагата ги мери килограмите, но не и стилот. Модни совети што да облечете според формата на телото.

Вагата ги мери килограмите, но не и стилот. Модни совети што да облечете според формата на телото.

Деним кроеви на LIU JO

Деним кроеви на LIU JO