Magnetik DooelComment

Соба 704

Magnetik DooelComment
Соба 704

„Затоа што не сакам позадина од бела хартија. Жената не живее пред бела хартија. Таа живее на улица, во кола, во хотелска соба.“ – Хелмут Њутон

Во име на генијалната изјава на легендарниот германски фотограф што во потполност ја отелотворува современата жена на денешницата, би сакале да споделиме со Вас едно ексклузивно, сосема интимно претпладне, токму во „срцето“ на градот… Соба 704, хотел Marrriott, и Ана во совршена, внимателно избрана елеганција.

Зад зборовите на Њутон ја препознаваме жената на своето време денес – онаа со дух, нагласена индивидуалност, урбани секојдневни пејсажи, динамична и сигурна во својот чекор и своите избори, со суптилен, дозирано скокотлив, интелигентен  хумор.

Основата на денешниот изглед е игриво јагне на сив џемпер со класичен крој на црни, тесни 3/4 панталони; „tassels“ ременче на половина и нашата омилена, неверојатна лакована штикла. Црвен, впечатлив  капут за свежина во овие сиви, зимски денови а за посебен шарм и гаранција дека нема да останеме незабележани, ретро сив шешир. Накитот е секогаш и повеќе од добредојден, а женствената силуета, што сево заедно ја истакнува, е, безгрешна.

Предадени на претпразничното расположение кое дискретно го најавуваат тоновите на целата комбинација, и за оние кои неизбежно, љубопитно вртат глави, изгледаме моќно и сигурни во нашите избори, повеќе од кога и да е.

Капут – Pennyblack
Панталони – Pennyblack
Џемпер – Pennyblack
Чевли – Max & Co
Шал – Pennyblack
Ланче – Pennyblack
Алка – Max & Co
Чанта – Pennyblack
Шешир – Pennyblack

21-IMG_1565-1-W1200-1.jpg

**Посебна благодарност до СкопјеСеНоси за прекрасниот едиториал и до менаџерскиот тим на Хотел Marriott што ексклузивно и срдечно ни го отстапи метрополитскиот амбиент – соба „704“.