Magnetik Dooel1 Comment

Max Mara: 5 клучни трендови за пролет 2017

Magnetik Dooel1 Comment
Max Mara: 5 клучни трендови за пролет 2017

Изминативе неколку сезони бевме сведоци на најразлични модели од екстравагантни и помалку екстравагантни материјали, кроеви и принтови. Некои од нив делуваа опуштено како пижами, останатите совршено скроени по мерка. Оваа пролет, пораката на модната групација MaxMara е следна: да бидеме екстравагантни, но умерени. Деловни, но опуштени. Во превод, ова се оние пролетни модни трендови во кои треба да се чувствувате доволно опуштено за сончевите денови, а се совршен избор да ги носите и за на работа.

Престојната пролет се се врти околу урбаните кежуал трендови. 

 

1. STRIPES AND NAVY

Морнарскиот стил оваа сезона повторно ќе завладее во модните метрополи.   Линиите и нијансите на сино-бело и црвено-бело се клучните детали на овој тренд. Уживајте во ултра модерни патики и удобни спортски џемпери во морнарски стил, затоа што пролетните трендови во 2017 година го наложуваат токму тоа. Морнарскиот дезен постојано се врти на модната сцена во различни облици. Облека, модни додатоци, чевли.. 

Weekend Max Mara

Weekend Max Mara

Weekend Max Mara

Weekend Max Mara

Weekend Max Mara

Weekend Max Mara

Weekend Max Mara

Weekend Max Mara

2. ROCK-STREET CONTEMPORARY

Немате доволно време да смислувате модни комбинации? Тогаш одлучете се за современиот уличен - рок изглед кои претставува еднставна комбинација од кожни парчиња облека, тексас или еднобојни пантолони со впечатлива, волумениозна кошула во принт и немирен дух. 

Тајната на овој стил е да одберете ја одберете омилената впечатлива кошула, како карирана на пример, која ќе ќе направи да изгледате младешки и урбано за опуштени прилики.

Marella

Marella

Marella

Marella

Marella

Marella

Pennyblack

Pennyblack

 

3. SILVER SHINY

Сребрената металик боја повторно се враќа на улиците како што некогаш беше актуелна во 90 тите години. А гледаме и зошто. Овој тренд се преточува во најразлични модели на панталони, кожени сукњи, слип фустани и шик чевли.

За да заблескате во полн рокенрол сјај, одлучете се за сребрена чанта како дневна варијанта а доколку сакате да доловите стопроцентен рокенрол спин на вашиот стајлинг, комбинирајте ја со сребрени чизми до глужд што ќе бидат ултрапопуларни во следната сезона. Успева секогаш!

Max&Co

Max&Co

Max&Co

Max&Co

Max&Co

Max&Co

 

 

4. B&W

Строго дефинирани линии во црна и бела боја се одличен тренд за смелите, храбрите и екстравагантните кои сакаат да експериментираат со стиловите, но и за вечните поборници на класиката. Овој тренд секогаш изгледа одлично за секоја пригода. Од деловно-елегантни, до спортско-кежуал. Носете го безвременскиот тренд на црно-бело во вашиот стил. Ако групацијата МаxMara ги сака, ги сакаме и ние!

Marella

Marella

Marella

Marella

Marella

Marella

Marella

Marella

 

5. EASY SUIT

Деловниот стил никогаш не излегува од мода. Токму затоа, креативноста на модните експерти и блогери отиде толку далеку што комбинацијата на кежуал со деловно парче (сако, кондури, панталони со строг крој) е must-have стајлинг без која модните уредници не можат.

Тајната на овој тренд кој ќе ја одбележи пролетта 2017 е токму во лежерноста која го преовладува целокупниот изглед, наместо строгите кроеви кои ја ограничуваат креативноста. 

Weekend Max Mara

Weekend Max Mara

Marella

Marella

Weekend Max Mara

Weekend Max Mara