Моден водич: Новогодишни стајлинзи за секоја модерна девојка

Моден водич: Новогодишни стајлинзи за секоја модерна девојка

Овој викенд е официјално последниот за 2016 година. Со испраќањето на старата година, новата секогаш сакаме да ја пречекаме со многу новини, убавини и бескраен број на желби. Секако во оваа претпразнична еуфорија секоја девојка мора да се покаже во своето најгламурозно светло. Дали веќе ги започнавте предновогодишните прослави? Ги одбравте ли вашите омилени новогодишни аутфити? 

TALLY WEiJL и фото-моделка Марија ни подготвија прекрасен едиториал и ни ги претставија клучните модни трендови во кои ќе заблеска секоја модерна девојка. 
Сите предложени комбинации можете да ги најдете во продажниот салон на Tally Weijl во Skopje City Mall.

 

1. Velvet Glamour

Трендот на кадифе, или плиш повторно се враќа на модната сцена. Како совршен додаток на свечениот вечерен аутфит, тој ќе го долови луксузниот гламур на вашиот стајлинг. Кадифен топ совршено се комбинира со кожна јакна и ‘choker’ како must-have за оваа сезона.

 

2. Sparkling Beauty

Не е тајна дека со инспирација од големите огномети и жижиците, празничниот период секогаш го поврзуваме со светки. Дополнете го вашиот стајлинг со светкав детал и заблескајте! Светкавиот топ можете лесно да го комбинирате со широки ‘boyfriend’ фармерки за да го доловите популарниот street style, или скини панталони за елегантен изглед.

 

3. Ballerina

Балерина трендот е еден од ретките безвременски трендови кој никогаш не излегува од мода. Бидете романтични и елегантни во балерина фустан, или здолниште  во комбинација со топ, свечена блуза или џемпер за да го истакнете најдобро вашиот личен моден стил.

Max Mara: 5 клучни трендови за пролет 2017

Max Mara: 5 клучни трендови за пролет 2017

Совршениот новогодишен подарок за совршената дама!

Совршениот новогодишен подарок за совршената дама!