Како да се носите во Max&Co оваа есен во стилот на Оливиа Палермо?

Како да се носите во Max&Co оваа есен во стилот на Оливиа Палермо?

Отворајќи го својот гардеробер секое утро, дамите се соочуваат голем број на модни дилеми – најмногу заради недостатокот на слободно време за комбинирање на парчињата што ги поседуваат.

Свесни за нашето брзо секојдневие, Италијанскиот моден бренд Max&Cо побара стручна поддршка од стилската иконa Оливиа Палермо, за да ни помогне во градењето на новите правила на модата.

Како дневен извор на инспирација за жените во светот, Оливиа Палермо е препознатлива и воздивнувана токму заради нејзиниот специфичен моден стил – резултат на природен шарм и способноста за совршена комбинација на класичното со модерното. 

Дефинирајќи го својот стил како електичен со елементи на луксузен сјај, Оливиа е многу често забележана во комбинација од едноставно монохтоматско парче во комбинација со впечатливо парче со примеси на луксузни аксесоари.

 

Како долгогодишно заштитно лице на брендот Max&Co, Палермо смета дека тајната на совршениот зимски стајлинг е во умешното комбинирање на парчиња од брендот кои имаат модерен крој со класични парчиња, како елегантни деловни панталони во комбинација со впечатлив кашмирен џемпер кој визуелно оддава луксузен и шик изглед за дневните часови.

За вечерни пригоди пак, не изоставувајте го златното модно правило дека помалку е повеќе. Затоа, нема да погрешите доколку се одлучите за комбинација од свилена кошула со примеси на заводлива чипка и еднобојни панталони за да балансирате помеѓу стиловите на парчињата. 

 

Следејќи го пак правило на Италијанскиот бренд, кое не охрабрува да комбинираме класично со модерно, додавањето на ексцентричен моден додаток како впечатлива марама во вашиот есенски стајлинг е must-have правило кое дефинитивно му дава нова димензија на секојдневниот стајлинг. 

 

Но не смееме да не ги споменеме и чантите кои дефинитивно не изостануваат во ниту една градска приказна на оваа њујоршка модна ѕвезда. Како што вели, големите и просторни чанти се неизоставен дел без кои ниту една модерна жена не би требало да го напушти својот дом. 

Screenshot 2016-11-15 21.44.16.png

Сите парчиња од фотографиите се достапни во продавницата на Max&Co во Рамстор Мол.

Скопје во претпразнична модна еуфорија: 5  стилски  комбинации предложени од македонските модни блогерки

Скопје во претпразнична модна еуфорија: 5 стилски комбинации предложени од македонските модни блогерки

Weekend Max Mara парчиња кои дефинтивно ќе ги обожувате!

Weekend Max Mara парчиња кои дефинтивно ќе ги обожувате!