Magnetik DooelComment

За секоја жена, за секое тело - YAMAMAY

Magnetik DooelComment
За секоја жена, за секое тело - YAMAMAY

Вистинската убавина на жената е одлика на тоа како една жена се чувствува, а самодовербата која таа ја поседува е главниот виновник за нејзината привлечност и убавина. 

Чувствувањето одлично во сопствената кожа е нешто што секоја дама го заслужува, па токму затоа на скопската сцена настапува Yamamay - брендот којшто ги остварува желбите на сите дами!

Во вистински момент кога изборот за долна облека во градот е навистина мал, италијанскиот моден бренд Yamamay конечно ни пристигнува во Скопје. Неговата приказна започнува во 2001-та година, кога сопственикот го воочува потенцијалот на бизнисот со женска долна облека, за денес да стане еден од водечките брендови во светот.

Цврсто придржувајќи се кон својата мисија и визија – да се навлезе во срцето на секоја жена – брендот денес брои над 500 продажни салони низ светот, а како што и претходно споменавме набрзо на листата ќе се најдат и продажните салони во Рамстор и Сити Мол.

Секоја колекција е креирана внимателно, со посебно внимание кон секој дизајн, со цел секоја жена да се чувствува прекрасно, заводливо и среќно во сопствената кожа - што веројатно е и нивната формула за успех.

Колекцијата зима 2016 преставена од единствената Наоми Кембел ги долувува и истакнува природната убавина и сензуалноста на секоја жена.

Во прилог ви ја презентираме колекцијата која ќе биде достапна од 03.11.2016 во продажниот салон на Yamamay Македонија – а сигурни сме дека и вие ќе се заљубите во нивната колекција, како и многу жени ширум светот!
 


Ordinary Love

Црно бели дезени, прекрасна чипка – самодовербата е тоа што ја прави жената прекрасна!

Fairy Dream

Колекција креирана со бела тантела која ќе направи да се чуствувате како принцеза од бајките

Romantic Scent

Прекрасен спој на нежен цветен дезен и безвременската убавина на тантелата – разбудете ја романтичарката во вас

Infatuation

Моќна линија во која преовладува црната боја – која секогаш е вистинскиот избор

Hypnotic shades

Смели бои како што се темно виолетовата и темно зелената, за секоја дама која обожува да си игра со боите